+389 77 502 259
contact@knigadodoma.mk
Распродадена
Белетристика
МКД 299,00

Избери 3 од понудените книги и напиши ги насловите на contact@knigadodoma.mk

Солитерот титаник - Алмир Алиќ

Дали се сеќавате на едно време кога сѐ беше така едноставно,

безгрижно, а поради тоа и убаво? А потоа како кула од карти

сѐ се растури за миг.

Број на страни: 138

Димензии : 21x13

 

КОЛЕРА МААЛО - МЕТИН КАЧАН

Фантастичен крими трилер, што ја отсликува болната андерграунд реалност на сиромашните квартови во Истанбул. 

Колера Маало е место каде што се случуваат бизарни случки поврзани со проституција, наркомани, религиозни фанатици, насилства и убиства. Пишувајќи сатирично за овие случувања, авторот изгубил контрола врз својот живот и во својата 51-ва година извршил самоубиство, исто како и главниот лик во романот - Салих.

Број на страни: 138

Димензии : 13 cm X 19,5 cm

 

 

Звуците на бананите - Еџе Темелкуран

Еџе Темелкуран ја раскажува својата приказна од место кое ги запленува срцата. Од Блискиот Исток! За да ги поврати назад нашите приказни кои ни ги одзедоа и ни ги вратија само остатоците... Нашата љубов, болка, достоинство... Сега отворете си ги срцата кои сте ги затвориле при пљачкосувањата. Бидејќи ова е твоја приказна. И ти си од Блискиот Исток!

Број на страни: 313

Димензии : 195x135

 

Бела Луна - Дарко Шекуткоски

 

Авантуристички и еротичен, романтичен и неодолив. Убавината на романот Бела Луна е во слободата на доживувањето и толкувањето, големиот простор на чистилештето меѓу небото и земјата во кое секој го пронаоѓа своето решение и начин на патување. Авторот на читателот му оставил простор за размислување и определување, за осуда или разбирање.

Број на страни: 208

Димензии : 21 цм

 

Бродови од хартија - Ајшеѓул Челик

...ПОТРЕСНИ ПРИКАЗНИ ЗА ХРАБРИТЕ ЖЕНИ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК, КОИ ЈА ПРЕБРОДУВААТ 

СУРОВАТА СУДБИНА....

Број на страни: 89

Димензии : 21х13

 

Зубук - Азиз Несин

Описите на настаните и личностите од местото „на крајот на светот“ што го покрива „мртовечка прашина“ ги отвораат видиците и панорамите кон големиот град, кон главниот град... Зборуваат како човечката глупост, наивност, завист, алчност и кариеризам се вонвременски и надвор од просторот. Од оваа книга поука за политичко дејствување, политичка маркетинг кампања и стратегија би можеле да извлечат и најсовремените политички партии од најразвиените парламентарни демократии и водечките PR тимови.

Филмувана книга. 

Број на страни: 350

Димензии : 130 mm x 195 mm

 

Рѓосани Бисери - Спасе Мазенковски

Уникатно дело на македонската книжевност

Басните се напишани со полно инвенција, мудро

соопштени и умно составени. Оваа книга ќе биде

интересна и од лингвистички аспект, зашто носи јазички

и зборовни новини кои Мазенковски ги црпи од неговиот

дијалект како дел од македонскиот литературен јазик...“

Михаил Ренџов

Број на страни: 145

Димензии : 21х13

 

 

 

Кратко задоцнување - Реха Чамуроглу

По нарачка на ерменските комити, Белгиецот Чарлс, кој со својата сопруга Ана неколку години живее и работи во Истанбул, во екот на бунтот на младотурците се обидел да направи атентат на султанот Абдулхамид II. Месје Чарлс ѝ ветува на својата жена дека ова ќе биде негова последна мисија, и дека после тоа ќе можат да водат смирен и безгрижен живот. Како што Чарлс го подготвува атентатот турските разузнавачи ја дознаваат неговата намера... Читателот сигурно ќе ја забележи сличноста на оваа сторија со атентатот на поранешниот македонскиот претседател Киро Глигоров...

Број на страни: 150

Димензии : 195x135

 

Ленинград - Игор Вишневецки

Вишневецки  во 2011 година за ова фантастично дело ја доби високата руска книжевна награда НОС (Нова словесност). На само сто и педесетина страници, во ова речиси џебно издание, македонскиот читател ќе биде сведок на длабоките човечки драми од Големата татковинска војна. Ленинград беше под опсада 872 дена, а покрај постојаните бомбардирања и многубројните жртви, тука беше и гладот и студот... Малите количества храна се распределувале со купони и како што покажуваат и официјалните извештаи и писма објавени во книгава, рускиот човек се соочил со голем број на случаи на човекојадство - канибализам.

Број на страни: 154

Димензии : 125 x 170

 

Светска влада за светски мир

(Иницијатива за формирање Влада на Заедницата на обединети нации за вистинска реализација на Универзалната декларација на човекови права и за спречување на Трета светска војна)

 

Дали светот може да се ослободи од војните? За среќа на човештвото, одговорот ни го открива науката и тоа позитивно. Може! Блиску сме до целта. ЕДНОСТАВНО ТРЕБА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА УНИВЕРЗАЛНАТА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ донесена 1948 година од страна на Генералното собрание на ООН. Ако таа не се реализира ќе се случи Трета светска војна...

Број на страни: 88

Димензии : 21х13

 

Сите песни

Посебна чест е да се објават сите стихови – поезијата на

познатиот писател Неџати Џумали.

Тој е еден од најпознатите писатели во периодот на

Републиката. Има објавено четиринаесет книги со

поезија и истите се собрани во ова дело и опфаќаат три

периоди, првиот од 1940 - 1960 година. Вториот од 1960

- 1980 и третиот по 1980 година.

Пријатно читање.

Број на страни: 231

Димензии : а5

  • 3535466215453
  • 21
  • Бата прес
  • 111111
  • 2016