+389 77 502 259
contact@knigadodoma.mk
Достапна
Популарна психологија
МКД 300,00

Каков би изгледал вашиот живот кога сè би било можно? Роден без раце и нозе, Ник Вујичиќ го надмина својот хендикеп и живее самостоен, богат, исполнет и „чудесно добар“ живот и служи како пример за многумина кои ја бараат вистинската среќа. Како светски познат мотиватор и говорник, Ник со жар ја споделува својата главна порака: „Најважната цел е да се најде смислата на вашиот живот и никогаш да не се откажете, без разлика на тешкотиите и непремостливите препреки кои ви стојат на пат“. Ник ја раскажува приказната на својата попреченост и емотивната битка низ која минувал додека се соочувал со тоа како дете, тинејџер и младич. „Во текот на најдолгото и најосаменото време, се прашував дали на земјата има некој како мене, и дали мојот живот има некаква смисла, за нешто друго освен болка и понижување“. Ник споделува како неговата вера во Бог е неговиот главен извор на сила, и објаснува дека откако најде смисла и цел – ги охрабрува другите за подобар живот и подобар свет – тој ја најде довербата во изградбата на продуктивен и задоволувачки живот без граници. Дозволете Ник да ве инспирира да започнете да го живеете својот живот без граници. Вклучен е и акциски план Живот без граници за да ви помогне да ја определите уникатната патека до успешен живот. Ник Вујичиќ е автор на бестселери, евангелизатор, мотивациски говорник и директор на Живот без екстремитети, организација која го помага споделувањето на пораката за надеж во Христос низ целиот свет. Ник е инспирација низ целиот свет за публика и медиуми поради својот позитивен став кон надминувањето на пречки и остварување на соништа. Долго време живеел во Австралија, а сега живее во Јужна Калифорнија со сопругата Канае и синот Кијоши.

  • 9786084757023
  • 21
  • ЦПКП
  • 280
  • 2016