+389 77 502 259
contact@knigadodoma.mk
Достапна
Белетристика
МКД 350,00

АВАНТУРАТА ПРОДОЛЖУВА!

Кога Биг Бен, во Лондон, одеднаш престана да чука, Вилијам знаеше дека се подготвува нешто големо. И навистина! Се појавува мистериозниот агент на орбулаторот, со што започнува нова урнебесна авантура за Вилијам и за неговата најдобра другар­ка Ишја. Што сака агентот орбулатор од Вилијам? И што е всушност ‒ орбулатор?

Страниците на Агентот на орбулаторот, третата книга од светски прославениот серијал за Вилијам Вентон се исполнети со длабоки и мрачни тајни и насекаде има нере­шливи шифри. Боби Пирс се враќа во светот на Вентон и ни носи низа интересни пресврти, хумористички роботи и јунаци од разни возрасти и видови.

„Во својот серијал на авантуристички романи за деца Боби Пирс создаде интересен свет што се движи со брзина на светлината... Со години не сум прочитал толку забавен микс на роботска комедија, научна фантастика, авантуристички роман.“

Верденс Ганг

„Боби Пирс толку динамично и визуелно ни го долову­ва дејствието што пред очите ви пролетува како филм. Ви­лијам Вентон без сомнение е најдобриот норвешки пандан на Хари Потер.“

 

Бок 365с

  • 978‒608‒253‒061‒1
  • 130x210
  • Бата прес
  • 238
  • 2019