+389 77 502 259
contact@knigadodoma.mk
Достапна
Белетристика
МКД 350,00

Во животот на Кираз, која зад себе ги остава разочарувањата

од минатото и со надеж гледа кон иднината, се отвора нова

страница. Во втората книга за младата Кираз, ќе бидете сведоци

на авантурите распространети на сите четири страни на светот и

потрагата по вистинска љубов на Кираз.

Таа станува професорка и една од врвните светски менаџерки

и ги зазема највисоките позиции во повеќе компании – од оние

кои произведуваат најпознати марки автомобили, преку компании

кои ископуваат златна руда и што обработуваат дијаманти.

Таа станува советничка во владата на една мала богата азиска

држава. Во овој психолошки трилер се преплетуваат научните

истражувања, разузнавачкиот ангажман во полза на САД, Турција

и на целото човештво...

Амбициозната Кираз е цел на многу додворувачи, но сепак

во животот на Кираз ќе влезе оној што највпечатливо ќе го освои

нејзиното срце и ќе ја заврши нејзината потрага по вистинска

љубов.

  • 978−608−253−070−3
  • 210х140
  • Бата прес
  • 266
  • 2018