+389 77 502 259
contact@knigadodoma.mk
Достапна
Останати издавачи
МКД 300,00

„Секој има своја приказна. Секој има свој пат, со свои предизвици, со угорнини и падови. И мојата е таква, не е права монотона линија. Во животот поминав многу предизвици. Ако ми кажеш дека нешто те боли, те разбирам, ме болеше и мене, многу. Ако ми кажеш дека те отфрлија, те разбирам и знам како ти било. Ако ми кажеш те повредија, те навредија, пак ќе те разберам, и тоа им го дозволив. Ако ми кажеш дека некого изгуби, знам како ти е, и јас изгубив.

Знам што е болка, знам што е тага, знам што е отфрленост. Но знам и што е храброст,  упорност и борба за подобро јас од тоа што бев вчера. Никогаш не се откажав, се борев на начин на кој знаев. И секогаш во сè давав 100 %“, вели авторката на оваа книга.

Книга што ќе направи магични промени во вашиот живот...

Книга што ќе ви помогне да го откриете вашето скриено богатство, кое лежи во вас и чека на вас...

Уживајте во магичните приказни и поуки со Мила Виклео за подобар и посреќен живот.

  • 978-608-243-264-9
  • 13х20
  • Антолог
  • 111
  • 2018